„Метално проширување“ на камена куќичка од 19. век

327
ФОТО: МИА

Студиото Истабрук Аркитектс, со седиште во Глостер, го заврши проширувањето на камена куќичка од 19 век во Коцволд, Велика Британија.

Проширувањето првенствено значи поголема кујна и трпезарија, како и дополнителна спална и туш кај мезанинот. Обложен целосно во ребрести метални панели, камениот екстериер одговара на изворниот изглед на „колипката“, само е малку одвоен од камената конструкција.

– Внатрешниот изглед на куќата е намерно минималистички, за да го одрази едноставниот изглед на колипка. Сакавме да го нагласиме контрастот со куќа од 19. век, наменета за земјоделците – рече сопственикот на престојувалиштето.

Структурата користи панели со дрвена изолација, а брановидните метални обвивки имаат гарантен рок од најмалку 30 години, без потреба од повторно фарбање.

Температурната изолација на објектот, исто така, е предвидена за да обезбеди пониски трошоци за греење.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...