Екипата на Барселона не успеа да ја освои Лигата на шампионите во претходните три сезони, но сега Лионел Меси е амбициозен да ја поправи ситуацијата. За последен пат, „лос кулес“ го освои трофејот во пролетта 2015 година.
– Лигата на шампионите е најдобриот турнир. Ние ќе се потрудиме да го вратиме овој толку посакуван трофеј на „Камп Ноу“. ЛШ е нешто уникатно, најинтересниот турнир во кој некогаш сум играл. Ова е различно натпреварување, кое сите ние сакаме да го освоиме. Како што рековме на почетокот на сезоната, овој трофеј е посебен и ние ќе се обидеме да го освоиме – изјави Лео за каталонски „Спорт“.
Минатата сезона, „блаугранас“ изгубија во четврт-финалето, и покрај водството од 4:1 против Рома по првиот натпревар.
Меси изјави и дека Каталонците тешко ќе ја елиминираат Севиља во Купот на Шпанија.
Двата тима се соочуваат во четврфиналето на „Камп Ноу“ утре во 21:30 часот, а Андалузијците имаат удобно водство од 2:0 по натпреварот на „Рамон Санчез Писхуан“.
– Ќе биде тешко да се избрише негативата против одличен тим како Севиља, тие имаат одлични играчи кои се многу добри во контра напади. Имаме потреба од навивачите – рече Меси.
Минатата сезона двата тима играа финале на турнирот и Барса победи со 5:0 на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
Покрај тоа, Каталонците се во серија од 9 последователни успеси над Севиља на „Камп Ноу“ на сите турнири.
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA