Аргентинецот настрада минути пред крајот на дуелот, кој заврши 2:2, а проблемот беше во препоните по удар од противнички играч, но се смета дека станува збор само за мускулно истегнување.
Тестовите веднаш по мечот исклучија нешто понепријатно, а утре се очекува да помине повеќе тестови. Во оваа фаза тој е под знак прашалник за дербито со Реал за Кралскиот Куп, но во клубот се оптимисти дека ќе игра.
„Меси го заврши натпреварот со болки и ќе треба да почекаме што ќе кажат лекарите“, објави тренерот Ернесто Валверде по судирот.
Напаѓачот ги реализира и двата гола за својот тим во натпреварот против Валенсија и се надеава дека нема да пропушти уште еден натпревар против големиот ривал, откако во есен не играше поради фрактура на раката, но и без него Барса победи со 5:1.