Меси: Постојано добивам понуди од други клубови

176
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA

Капитенот на Барселона Лионел Меси можел да го напушти каталонскиот клуб во 2014 година, поради проблеми со даночните власти.

– Тоа беше од причина што не беше поврзана со фудбалот. Поминав низ тежок период, но успеав да го надминам благодарение на поддршката на луѓето од клубот. Ова ми овозможи да продолжам да играм овде. Тогаш не се чувствував пријатно во Шпанија.
Постојано добивам понуди од други клубови. Секоја година имам можност да го сменам тимот. Неколку клубови ме чекаат, иако тие знаат што сакам. Ова е во случај еден ден да сакам да ја сменам ситуацијата – изјави Меси.

Аргентинецот пред три дена по шести пат ја освои „Златната топка“, награда која „Франс фудбал“ ја доделува на најдобриот фудбалер за годината што изминува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...