Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, иако не доби лекарска дозвола, ќе биде во составот за средбата против Интер во Милано.
Аргентинецот изминатите две недели ги пропушти натпреварите на својот тим поради повреда на раката, но се врати на тренинг и тренерот Ернесто Валверде го вклучи во експедицијата за Милано.
Има шанси Меси да истрча на теренот на „Џузепе Меаца“ но веројатно ќе биде не клупата на резервни играчи.
Барселона без Меси ги победи сите четири натпревари, вклучувајќи го и триумфот против Интер (2:0) на „Камп Ноу“.
Натпреварот меѓу Интер и Барселона се игра утре во 21 часот.