Меси доби повик за националниот тим

116

Прогнозите за претстојното враќање на Лионел Меси во аргентинскиот национален тим се покажаа вистинити, откако денес неговото име беше вклучено во списокот за контролните дуели со Венецуела и Мароко.

Асот на Барселона нема натпревар за Јужноамериканците од Светското првенство во Русија минатото лето. Меси не се отповика за есенските проверки, но тој не се ни повлече целосно од репрезентацијата. Но, сега планира да ги започне подготовките за претстојната Копа Америка (14 јуни – 7 јули).

Селекторот Лионел Скалони очекувано ги изостави од листата Мауро Икарди (Интер) и Серхио Агуеро (Манчестер Сити).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...