Меси: Би било лудо да не ја поминеме групата на Копа Америка

401
ФОТО: EPA / PETER POWELL

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси рече дека би било загрижувачки да се помине групната фаза во Купот на Америка.

Меси ноќеска го постигна единствениот гол за „гаучосите“ во ремито со Парагвај (1:1).

Во последното (трето) коло од групата Аргентина игра со Катар и неопходна и е победа за сигурен пласман во следната фаза.

– Да не ја поминеме групата ќе биде лудо. Мораме да се обидеме да ја подобриме играта, иако скоро и да нема време за тоа. Треба да го добиеме следниот натпревар за сигурен пласман во следната рунда. Ќе строиме сѐ што е можно – изјави Меси.

По две кола во Б-групата лидер е Колумбија со максимални 6 бода, Парагвај има 2, додека Катар и Аргентина се со по 1 освоен бод.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...