Македонски енергетски ресурси (МЕР) го осуди однесувањето на работникот кој денеска за време на протестот на група активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ предизвикал вербален инцидент.
„Варбалниот инцидент силно го осудуваме, а однесувањето на работникот ќе биде предмет на проверка и потенцијална дисциплинска постапка. Потенцираме дека граѓаните имаат неприкосновено право на изразување на сопствен став и изразуваме подготвеност да ги продолжиме разговорите со еко здруженијата“ наведуваат во соопштението од МЕР.
Од МЕР појаснија дека градежните работи кои се одвивале на гасоводот на Водно денеска биле на дел од трасата каде што не се предвидени измени.
„На овој дел е добиено одобрението за градба и на него нема дрвна маса. Се работи во согласост со новите мерки и мерките дефинирани во студијата за животна средина“, наведуваат од МЕР.
Од компанијата појаснуваат дека за време на активностите се појавиле неколку граѓани кои на мирен начин застанале во близина на механизацијата.
„Градежните машини веднаш ги запреле активностите, после што еден од работниците започнал вербална расправа со активистите“, велат од МЕР.
На фејсбук страницата на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ е помесетно видео од денешниот инцидент.