Турско – германската актерка Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, драстично го смени својот изглед.
Мерјем драстично ја скратила својата карактеристична долга коса и се определила за повеќе модерна „боб“ фризура. Исто така, сега ја обоила косата кафеава, така што е речиси непрепознатлива.
Актерката се пофали со фотографиите на својот Инстаграм-профил.
„Боже, твојата коса изгледа магично“, „Прекрасна си со новата фризура“, се само некои од коментарите на воодушевените обожаватели.
Мерјем денес е мајка на девојче по име Лара кое го воспитува самата. Девојчето е родено во врската со 17-годишни постариот претприемач Кан Атес, кој не сакаше да слушне за детето и побара од актерката да го абортира. Таа го одби бизнисменот и ја роди ќерката.
– Една вечер во Анталија ме фалеа за мојата глума, а другата ноќ се обидов да се самоубијам. Прво се обидов да си ги исечам вените, а откако немав храброст за тој чин во последната минута, се обидов да скокнам од балконот – раскажа своевремено актерката како се обидувала бремена да си го одземе животот.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин