Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс го постигна првито гол за Наполи синоќа во победата (2:1) над Каљари и по помина легендарнито Диего Марадона на вечната клупска листа на стрелци во Серија А.
Мертенс сега има 82 гола, додека 58-годишниот Аргентинец клубот од Неапол го напушти со постигнати 81 гол.
Воедно Мертенс има вкупно 107 гола за Наполи во сите натпреварувања.
Пред Мертенс на листата стрелци за Наполи во Серија А се наоѓаат само Антонио Војак со 102 и Марек Хамшик со 100 погодоци.
ФОТО: EPA / FEDERICO PROIETTI