На мермерите од Партенонот кои Грција бара од Велика Британија да ѝ ги врати, се осврна грчкиот претседател во обраќањето за време на официјалната вечера во чест на принцот Чарлс и војвотката Камила.
– Во зајакнувањето на односите меѓу нашите земји, придонесува и долгата традиција што ја одржува Обединетото Кралство во предавањето и истражувањето на Класичните студии и грчката цивилизација, како и билатералната соработка развиена во оваа област. Токму оваа традиција, во комбинација со пријателските врски што не поврзуваат, ни дава надеж дека враќањето на мермерите од Партенонот, за обновување на целината на ова брилијанта лулка на нашата цивилизација, истакна Павлопулос.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот претседател се осврна на соработката меѓу двете земји во рамките на ЕУ, посебно во однос на проблемот со бегалците и мигрантите и изрази надеж дека независно од одлуката на Обединетото кралство за напуштање на унијата, ќе останат и во иднина добрите односи меѓу двете земји.
Токму за врските меѓу Грција и Обединетото Кралство говореше принцот Чарлс во неговото обраќање, кое го започна и го заврши со неколку фрази на грчки јазик.
Го спомена и жртвувањето на грчкиот народот за време на финансиската криза, но и храбриот начин на кој Грците се справиле со бегалските бранови од Блиски Исток.
На официјалната вечера во претседателската палата, присуствуваа грчкиот премиер Алексис Ципрас со неговата партнерка, претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис со сопругата, министри во грчката Влада, архиепископот Јеронимос, како и угледни грчкиот бизнисмени, дипломати и академици.
ФОТО: EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS
(На фотографијата од лево кон десно: премиерот Алексис Ципрас, сопругата на претседателот Прокопис Павлопулос, Сиси, принц Чарлс, сопругата Камила, и сопругата на премиерот Алексис Ципрас, Бети Бациана Ципрас)