Мерко незаменлив, реизбран за локален шериф на Струга

978

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко повторно ја доби довербата од интегративците и вчера е избран за прв човек на струшкиот огранок на ДУИ. Контроверзниот Мерко третпат застанува на чело на струшкиот огранок и е единствен од старите кадри кој при внатрепартиските избори на ДУИ ја задржа функцијата претседател на огранокот.

ДУИ успеа да ги смени Беќир Асани и Невзат Бејта од први луѓе на чаирскиот и на гостиварскиот огранок, но Мерко се чини е незаменлив.

Од партијата брифираат дека би го смениле и Мерком, но оти на изборното собрание ниту еден сопартиец не се пријавил да му конкурира на струшкиот градоначалник за претседателската функција во огранокот.

Дури и противниците се согласиле на реизбор на Мерко, со коментари дека е ризично да го сменат на само пет месеци пред предвремените парламентарни избори.

Мерко често ја бранува јавноста со својте контроверзни ставови. Така струшкиот градоначалник присуствуваше на отворањето на пицеријата-дивоградба на сопартиецот Нефи Усеини кај чинарот во Охрид. Мерко си купи луксузно „ауди“ од 67.000 евра иако Општината е во долгови. Градоначалникот упорно тврди и дека во Струга нема дивоградби и покрај истечените концесии на струшките плажи и рестораните од тврда градба.

Мерко во три мандати е и градоначалник на Струга. Тој локалните избори ги изгуби само од Зијадин Села, но затоа на последните локални избори повторно застана на чело на Струга.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...