Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ќе форсира почетокот на преговори за членство во ЕУ за Македонија и Албанија на Самитот на Европскиот Совет во март.
– Пред сѐ сакаме да постигнеме договор на следниот состанок на Европскиот Совет во март за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија – изјави Меркел на средбата со албанскиот премиер Еди Рама, кој денеска престојува во официјална посета на Германија.
– Обете земји постигнаа многу. Сега ние напорно ќе работиме за да ги оствариме посакуваните резултати во март – дополни канцеларката.
Самитот на ЕС ќе се одржи на 26 март во Минхен.
Неодамна Меркел и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изразија надеж дека ќе дојде до напредок во отворањето пристапни преговори со Скопје и Тирана на Самитот на ЕУ во мај.
Претседателот на ЕС Шарл Мишел минатата недела рече дека Унијата во слендите недели ќе води интензивни разговори за тоа на кој начин во иднина ќе се води процесот на проширување, откако во октомври францускиот претседател Емануел Макрон не даде зелено светло за почеток на преговори се додека не се реформира методологијата.