Меркел тврди дека е подготвена за работа по епизодите со тресење

77
ФОТО: EPA-FRANCOIS-LENOIR--POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е подготвена да ги извршува своите должности по „епизодите“ со тресење, и оти се надева дека ќе ужива во животот откако ќе го отслужи својот четврти и последен мандат на чело на Владата до 2021 година.

– Можам да ја извршувам оваа должност, имам силен личен интерес да го зачувам здравјето, и како што е реков и претходно, 2021 е заклучок на мојата политичка работа – изјави таа на прес конференција.

– Меѓутоа се надевам, дека после (политиката) ќе биде друг живот – додаде таа со насмевка.

На прашањето како се чувствува, Меркел одговори „добро“.

ФОТО: EPA-FRANCOIS-LENOIR–POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...