Меркел: Србија е клучна земја во регионот со која соработуваме

Србија е клучна држава во регионот со која Германија тесно соработува, порача денеска германската канцеларка Ангела Меркел .

163

Србија е клучна држава во регионот со која Германија тесно соработува, порача денеска германската канцеларка Ангела Меркел и истакна дека со средбата со претседателот на Србија Александар Вучиќ сака да придонесе во пронаоѓање на решенија на Балканот.

– Србија е клучна држава во регионот со која Германија тесно соработува. Србија има клучна улога на Косово и во БиХ и затоа е важно да интензивно да разменуваме мислења, истакна Меркел на заедничката прес конференција со Вучиќ.

Меркел укажа дека е договорено во првата половина на оваа година да се води интензивен дијалог со Србија и со земјите од регионот, бидејќи приближувањето на Западен Балкан кон Унијата, Бугарија го постави како приоритет во своето претседателствување.

Според неа, главни теми со српскиот претседател ќе бидат соработката на Србија и Германија, но и развој на регионот.

Таа потсети дека претседателот на ЕК Жан Клод Јункер неодамна престојуваше на Западен Балкан, каде истакна дека е многу важен тој регион.

Српскиот претседател Вучиќ наведе дека Германија е најважниот партнер за Србија, и дека државата ќе стори се за да избегне секаков конфликт на Балканот.

Вукчиќ истакна дека Србија е посветена на мирот и стабилноста и дека каков било конфликт на Балканот ќе ја врати земата и народите 100 години назад.

– Ќе дадеме се од себе да се избегнат тензии и каква било дестабилизација, рече Вучиќ.

Тој потенцира дека европскиот пат и е многу битен на Србија и дека ќе мора да се донесат тешки и болни одлуки ако сакаат членство во ЕУ.

– Дали тоа ќе биде 2025 година или некое друго време зависи најмногу од нас и спроведените реформи, но и од други работи во регионот, посочи Вучиќ.

Според Вучиќ, во билатералните односи направиле голем чекори напред. Тој наведе дека трговската размена меѓу двете држави достигнала 4 милијарди и 343 милиони евра, дека во првите два месеца од оваа година, таа е зголемена 12, 6 отсто.

Инаку, ова е 12 средба на Вучиќ и Меркел, а втора во последните два месеца.

ФОТО: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...