Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека се надева оти ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и со Албанија на мајскиот Самит на ЕУ во Загреб.
– Самитот за Западен Балкан што во мај годинава ќе се одржи во главниот град на Хрватска е многу важна работа за Северна Македонија. Се надевам дека таму ќе биде постигнат напредок – истакна Меркел.
Самитот на ЕУ во Загреб ќе се одржи на 5 и на 6 мај годинава.
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN