Меркел се возеше во „мерцедесот“ на Груевски

2051

Германската канцеларка, Ангела Меркел при денешната посета на Македонија се возеше со „мерцедесот“ вреден 600 илјади евра набавен од страна на претходната влада за кој експремиерот Никола Груевски беше осуден на 2 годишна затворска казна.

На владиниот „мерцедес ЕС 600 Гард“, можеше да се забележат мониторите на задните седишта и останатата опрема за која јавноста слушна како Груевски ги нарачува преку телефонски разговор.

Макфакс потврда за тоа дека се работи за истиот „мерцедес“ доби од едно од лицата кои денеска ја обезбедуваа германската канцеларка.

Исто така забележлива беше промената на регистарските таблички на луксузниот автомобил од СК-2936-АЦ во СК-4047-АП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...