Меркел: Одлагање на Брегзит под еден услов

754
ФОТО: EPA / FELIPE TRUEBA

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека лидерите на ЕУ најверојатно ќе го одобрат барањето на Велика Британија за тримесечно одлагање на Брегзит, под услов британскиот Парламент да го поддржи Договорот што го постигнаа Владата на премиерката Тереза Меј и ЕУ.

– Во принцип, можеме да се согласиме со тоа барање ако следната недела добиеме позитивен исход од гласањето за Договорот во британскиот Парламент – рече Меркел во Бундестагот во пресрет на Самитот на ЕУ во Брисел.

Таа истакна дека евентуалното одлагање на Брегзит до 30 јуни ќе го опфати и периодот кога се одржуваат избори за Европскиот парламент, што, како што нагласи, „значи дека мора да се почитува иднината и правната сигурност на изборите“.

Меркел повтори дека цврсто се противи на сценариото – Брегзит без никаков договор, бидејќи тоа ќе им наштети на интересите на Германија, како и на Велика Британија.

– Убедена сум дека дека ни треба уредно заминување на Обединетото Кралство. Тоа не е само во интерес на Велика Британија, туку и на Германија, особено на Германија и на 27-те членки на ЕУ – рече Меркел.

ФОТО: EPA / FELIPE TRUEBA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...