Ставот на Германија беше дека треба да почнат преговори, но немаше консензус и не донесовме заклучок, рече германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел.
– Не успеавме да постигнеме консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, ќе се навратиме пак на самитот во Загреб – рече германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел.
Од јануари 2020 година Хрватска го презема претседавањето со ЕУ.
– Кога разговаравме за отворањето преговори, за жал, не можевме да постигнеме договор околу Албанија и Северна Македонија. Многу ми е жал за оваа одлука. Ставот на Германија беше да ги започне разговорите ако се исполнат одредени услови, но не постигнавме едногласност- рече Меркел.
ФОТО: EPA-FRANCOIS-LENOIR–POOL