Не сакам да се мешам во одлуката на граѓаните на вашата земја за референдумот на 30 септември. Но, од свој аспект, можам да порачам дека една ваква историска шанса еднаш се пружа, рече германската канцеларка Ангела Меркел на заедничаката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев, во македонската Влада.
– Затоа, излезете на 30 септември, немој да останете дома, гласајте за вашата иднина, искористете ја оваа историска шанса – порача германската канцеларка.
На прашање, зошто Македонија да остане во изолација ако не успее референдумот, таа рече:
– Јас не сум за закани, ако има позитивен исход референдумот вие можете да станете членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Но, има предуслови. Имаше спор, мораше да се најде решение за тој спор. Затоа, прашањето на НАТО и решението на тој спор се многу тесно поврзани, бидејќи знаеме дека нема сите членки да гласаат за прием на вашата земја во НАТО, ако ова не биде решено – одговори Меркел.