Меркел: На Западен Балкан му треба олеснет процес на доближување до ЕУ

294

Треба да се олесни процесот на доближување на Западен Балкан до ЕУ бидејќи тоа е од стратешко значење за Унијата, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на прес конференцијата по средбата на врвот на иницијативата „Берлински процес“, пренесе ТАСС.

Според неа, ЕУ презема многу активности „за пријателите од Западен Балкан да можат имаат полесен пат до членството во Унијата“, се со цел оваа европска перспектива да стане реална.

-Ако ја погледнеме картата ќе видиме дека земјите од Западен Балкан се дел од Европа – рече Меркел.
Одговарајќи на новинарско прашање за позицијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се противи на приемот на нови членки во ЕУ се додека Унијата не се реформира, канцеларката посочи дека овие процеси може да се реализираат и паралелно.

– Го делам мислењето на претседателот Макрон за тоа дека механизмите на работа на ЕУ треба да се подобрат – рече Меркел, подвлекувајќи дека тоа, меѓутоа, не е повод за прекинување на преговорите за приклучување на новите земји кон ЕУ.

Таа посочи дека следната година Бугарија и Северна Македонија ќе претседаваат со иницијативата „Берлински процес”.

Полскиот премиер Матеуш Моравецки изјави дека тешкиот процес на интеграција на Западен Балкан, сепак, се одвива во правилна насока.

– Веруваме дека оваа интеграција наскоро успешно ќе заврши и дека уште шест земји ќе станат дел од ЕУ – рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...