Меркел нагласи дека е добро, го разбира интересот за нејзината здравствена состојба

569
Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба бидејќи во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење и нагласи дека се чувствува добро.

– Добро сум – рече Меркел (65) на крајот на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака.

Таа додаде дека е уверена дека таквите реакции „како што доаѓаат, така и поминуваат“.

Меркел завчера за време на церемонија во Берлин трепереше и изгледаше како да не и е добро. Слична сцена се случи и пред 12 дена за време на пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...