Меркел-Курц: Не постои воено решение за Сирија

159

Канцеларите на Германија и Австрија, Ангела Мрекел и Себастијан Курц денеска се согласија дека конфликтот во Сирија не може да се реши со воени средства.

– Мораме да сториме се за да спречиме натамошна можност за ескалција – изјавил Курц во телефонски разговор со Меркел.

Како што соопшти неговиот Кабинет, Курц во разговорот истакнал дека „сега е време да се поттикне дипломатскиот мировен процес“.

Двајцата канцелари од тој аспект разговарале за можностите за воспоставување доверба и за дипломатските иницијативи за мирољубиво решение на конфликтот во Сирија.

Курц нагласил дека Австрија му понудила целосна поддршка на специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура во организирањето на мировните преговори, имајќи ја пред вид „долгата традиција на Австрија како место за дијалози и како градител на мостови за поврзување“.

Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...