Меркел и Макрон без договор за новиот претседател на ЕК

141
ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Maкрон синоќа не успеаја да се договорат за тоа кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија.

Состанокот на шефови на држави и влади на 28 земји од ЕУ беше зад затворени врати без асистенти или мобилни телефони.

Дипломатски извори изјавија дека Меркел била запрепастена со брзото јавно отфрлање на Манфред Вебер, од Макрон кого Берлин го сака за кандидат за позицијата претседател на Европската комисија.

Макрон смета дека соодветни кандидати се и данскиот комесар Маргрет Вестагер, преговарачот за брегзит Мишел Барние и холандскиот социјалдемократ, Франс Тимерманс.

Шпанија и Шведска, според западни медиуми, го поддржаа Тимерманс, а Ирска и Хрватска – Вебер. Луксембург и Словенија поддршка дале за Маргрет Вестагер.

Лидери на источни земји побарале во распоредување функции да се направи географска рамнотежа. Полска и Унгарија силно се спротивставуваат на Тимерманс, кој како потпретседател на Европската комисија предводеше правна истрага против двете земји.

ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...