Меркел: Договорот за Брегзит е дипломатско ремек-дело

544
ФОТО: EPA / KIMMO BRANDT

Германската канцеларка Ангела меркел го оквалификува договорот за Брегзит кој британската премиерка Тереза Меј го постигна со Европската унија „дипломатско ремек-дело“.

– Ова е историски ден, кој предизвикува спротивставени чувства…трагично е што Обединетото Кралство ја напушта ЕУ после 45 години, но мора да го испочитуваме гласот на британскиот народ, истакна Меркел.

Таа го пофали Договорот кој Меј го постигнала во „екстремно тешка ситуација без преседан“, но дополни дека во него се одразуваат интересите на обете страни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...