Меркел денеска во Македонија на 27-годишнината од независноста

161

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска престојува во посета на Македонија и тоа токму во момент кога се одбележува 27-годишнината од независноста. Ова е прва посета на германски канцелар на Македонија и нејзиниот престој во земјава е дел од поддршката, што меѓународната заедница ја дава за претстојниот референдум, закажан за 30 септември, кога граѓаните треба да се произнесат за Договорот од Преспа и интегрирањето во НАТО и ЕУ.

Меркел ја предводи германската владина делегација во официјална посета на земјава, која претпладнево ќе има свечен пречек на платото пред Владата на РМ. По заедничката средба премиерот Зоран Заев и германската канцеларка ќе имаат заедничка прес-конференција.

Совпаѓањето на посетата на Меркел со македонскиот државен празник 8 Септември само по себе зборува за симболиката, изјави претходно оваа недела владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт, пак, најави дека Меркел ќе дојде во Скопје за од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...