На денешното рочиште за „Рекет“ сведочеше Мери Дика Георгиевска, која рече дека со Бојан Јовановски е во кумовски односи и дека е пријателка со неговата мајка од деца.
– Бојан Јовановски го знам од дете. Со неговата мајка се знам повеќе од 50 години. Јас колку што знам, после неговото враќање од Белград, работеше на проекти за заштита на ранливи категории. Во 2017 година Бојан кажа дека е избран да биде претседател на Меѓународниот сојуз за Македонија. На тој настан имаше видни луѓе, а јас бев поканета како гостин – рече сведокот Мери Дика Георгиевска.
Обвинителката Гордана Смаќоска ја праша што работел Бојан по враќањето од Белград, а таа рече дека работел на проекти за ранливи категории и потврди дека била и во неговиот дом во населбата Орман.
Судијата ја праша како живеело семејството Јовановски, на што таа одговори дека живеело како просечно македонско семејство.
– Мојот син пет години живее во Милано. Сме патувале со мајка му на Бојан заедно во Милано – рече Дика.
Кога обвинителката Смаќоска ја праша Дика дали Бојан Јовановски купувал возило и како тоа било набавено, тој се крстеше во судницата.
Сестрата на Дика била потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“. Таа рече дека иако била на основањето не знае многу за работата на Сојузот. Јовановски бараше да потврди за блискиот однос што го имаат со неговото семејство и оти покрај заедничкото патување имале и други патувања на што таа одговори потврдно.
Прочитајте повеќе:
Боки ниту го платил, ниту дал компензација за лускузниот мебел
Боки 13 побара изземање на Русковска, тврди дека има докази против неа вредни 4 милиони евра