Мерилин Монро ми ја одзеде невиноста кога имав 15 години, со денови не излегувавме од кревет”

Актерот тврди дека тие двајца останале во блиска врска сè до нејзината смрт на 36-годишна возраст во 1962 година.

10293

Холивудскиот актер Џани Русо кој се прослави со улогата во култниот филм „Кум“, тврди дека ја изгубил невиноста со холивудската икона Мерилин Монро во нејзината када, и тоа кога имал само 15 години.

Мерилин била речиси двојно постара од него, имала 33 години. Актерот тврди дека тие двајца останале во блиска врска сè до нејзината смрт на 36-годишна возраст во 1962 година.

Зборувајќи ексклузивно за британскиот „Сан“ во својот стан во Њујорк, 75-годишниот Русо изјавил: „Марлон Брандо беше мојот единствен учител по глума, Френк Синатра единствениот учител по пеење, а Мерилин од мене направи маж.“

– Ме научи на сè што знам. Мислев дека сум најсреќното момче на светот, но тоа да се случеше денес, мислам дека таа би била уапсена и моите родители би се обиделе да извлечат пари од неа – рекол актерот.

Опишал и како се случил нивниот прв секс:

– Беше сама во раскошен апартман со огромна тераса, но сè изгледаше како сет на филм за катастрофа. Облеката лежеше расфрлана насекаде, валканите садови стоеја на масата. Креветот не беше наместен и изгледаше како бездомничка без шминка. Беше обвиткана во бела крпа и држеше шише шампањско во рацете – рекол Џани и додал дека прво се избезумил, а потоа се опуштил.

Тој рекол дека за него тоа било најневеројатното искуство.

„Немав поим што да правам или што таа очекува. Останавме цел викенд во кревет, излегувавме од него само кога моравме“, рекол актерот и додал дека нема трауми бидејќи спиел со Монро на своја 15-годишна возраст.

– Дали се вознемирив? Не. Имав секс со најжешката американска филмска ѕвезда и секс-симбол – заклучил актерот.

Во мемоариte „Hollywood Godfather: My Life In The Mob And Movies“, Русо опишува како се запознал со Мерилин Монро. Toa било додека работел во фризерски салон во Њујорк.

„Доаѓаше често и секогаш ме прашуваше да ѝ ја измијам косата“, објаснува тој.

„Мерилин беше многу пријателски настроена. После неколку нејзини пристигнувања, го надминав чувството на филмска ѕвезда и ја гледав како обична личност, иако со феноменално тело.“

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...