Во интерес на целосно и објективно информирање на јавностa МЕПСО денеска соопшти дека склучило договор за работен однос со лицето П.К., кое е вработено на работно место хигиеничарка, со плата од 19.200 денари.
Работниот однос е заснован согласно со огласот за вработување објавен на 16 јули.
„Со ова ги отфрламе како невистинити паушалните наводи објавени во јавноста дека фризерка е вработена во МЕПСО за плата од 43.900 денари кои штетат на објективното новинарство“, се наведува во реакцијата од МЕПСО.
Оттаму приложуваат линк од објавениот оглас од страницата на МЕПСО http://mepso.mk/Vesti.aspx?itemVID=454, според кој се бара 1 (еден) извршител на работното место хигиеничар во Работилница, во служба за одржување на ТС, Оддел за ТС, Подружница ОПМ со основно образование – I степен основно училиште, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 19.200,00 денари.