Менди Мур за бракот со Рајан Адамс: Се чувствував како да се давам

300
ФОТО: E! News

Менди Мур му беше гостинка на Марк Марон во „WTF“, каде зборуваше за својата кариера, врски и слично.

Триесет и четиригодишната Мур рече дека се чувствувала како да е мајка во бракот со Рајан Адамс.

– Јас го живеев животот за него. Немав чувство за себе. Бев незабележителна, толку мала во својот свет – појасни таа.

Одлуката на нејзината мајка да го остави сопругот поради друга жена, играла голема улога во нејзината одлука да се омажи за музичарот. Адамс правел да се чувствува вредно бидејќи била тука за некого и оти му служи за неговите потреби.

Мур се чувствувала зависна од Адамс, што на крај ја довело до лудило.

– Се чувствував како да се давам. Бев осамена и тажна. Знаев дека ова нема да биде целиот мој живот. Знаев дека ова не е личноста со која треба да бидам, знаев дека не сум личноста што требаше да бидам – додаде таа.

Таа рече дека нејзината кариера заглавила, а Адамс продолжил да снима песни и наводно и рекол дека двајцата ќе се занимаваат со музика.

Мур за „Тајмс“ изјавила оти тој постојано и велел „ти не си вистински музичар, бидејќи не знаеш да свириш на инструмент.“

– Не можев да работам бидејќи постојано се обидував да внимавам на оваа личност на која и требав и не ме пушташе за ништо – додала таа.

Менди Мур и Рајан Адамс се венчаа во 2009 а се разведија во 2016 година. Таа и претходно зборуваше за нивната врска, но не толку детално.

Мур не е единствената која зборуваше јавно за Адамс дека е психички и емоционално насилен, за што Адамс негираше.

Тој на Твитер напиша:

– Не сум перфектен и сум правел голем број грешки. За сите оние кои сум ги повредил, без да сум го сакал тоа, се извинувам.

Адамс беше поврзан и со комуницирање со малолетничка, според „Њујорк тајмс“, ФБИ го истражува случајот. Неговиот албум што требаше да излезе наскоро, е откажан.

ФОТО: E! News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...