Менаџментот на 1ТВ тврди дека сметката на телевизијата е активна иако пред тоа Управата за јавни приходи на прашање на Плусинфо потврди дека сметката е блокирана.
„Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид во банкарска потврда“, објави телевизијата на својата веб страна.
Управата за јавни ја приходи потврди дека ја блокирала сметката на 1 ТВ, но не објасни кои биле причините за тоа.
„Согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“.