Мемети: Има големи пропусти во затворот во Шутка

232

Недостатоци и непрофесионално постапување, нефункционирање на системот за прошетка, како што налагаат прописите, покажале првичните наоди на тимот на Омбудсманот, истакна вечева во интервју на 1ТВ народниот правобранител Иџет Мемети во врска со последниот инцидент во затворот „Скопје“ во Шутка во кој се вклучени и лица кои издржуваат мерка протвор, но и вработени во затворот.

– Нашата истрага ќе продолжи затоа што во текот на оваа и другата недела повикавме лица кои имаат повеќе информации за на крај да дојдеме до наша одлука. Ги имаме и снимките од видеокамерите. Имаме и јавувања и од лица кои издржуваат мерка притвор, но и од вработени во затворот – истакна Мемети.

Според него, иако затворите немаат доволно средства, бидејќи многу малку средства се издвојувале, од формален аспект, смета дека има напредок, дека има подобри законски решенија за разлика од порано дека се прифатени европските затворски правила, но и дека не се издвојуваат средства и услови тоа да се спроведе.

Народниот правобранител посочува на голем број пропусти во однос на целокупната документација за инцидентот во кој беа вмешани Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, но и дека постојат поголеми проблеми со затворите во Македонија.

Појаснувајќи како е можно инцидентите да се случат еден по друг, Мемети рече дека во затворот во Шутка има осум шеталишта и дека таму ги надгледуваат само двајца стражари, односно еден на четири шеталишта.

Тој посочи на проблемот со поставеноста на камерите како и за недоволно стручни стражари кои требало да ги надгледуваат шеталиштата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...