Мемети: Беса нема да ја поддржи интерпелацијата, ова нема врска со преговорите со Заев

838

Пратеникот Реџеп Мемети од БЕСА (од крилото на Африм Гаши) изјави дека тие нивниот став за прашањето за доверба на Владата ќе го искажат на седницата.

-Ние, нема да ја поддржиме оваа иницијатива, но нашиот став ќе го искажеме на утрешната седница.

Тоа, како што додаде, не е во врска со разговорите за влегување на оваа партија во Владата на премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за доверба на Владата на барање на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево ја закажа за утре во 11 часот.

Сите активности во Парламентот денеска се одложени. Дел од седниците се префрлени за во четврток, тоа се главно со реформски закони, поради исказот што во Судот го дава Џафери во врска со настаните поврзани со насилствата од 27 април минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...