Мел Б ја шокираше јавноста: Имав секс со колешката од „Спајс грлс“, ќе ме замрази, сега води отмен живот ФОТО

„Бевме најдобри пријателки и едноставно се случи. Се насмеавме и тоа беше тоа“, рекла Мел Б.

1367

Мел Б (43) ја шокираше јавноста кога откри дека спиела со пејачката Гери Хорнер (46) во текот на нивната најголема слава во деведесетите години, па поради тоа постои сомневање дека турнејата по повод собирањето на една од најпопуларните поранешни женски групи „Спајс грлс“ ќе биде загрозена.

Во шоуто на британскиот водител Пирс Морган, Мелани ги коментирала градите на колешката од бендот за кои рекла дека се прекрасни, па опишала како дошло до таквиот однос, пренесува „Дејли мејл“.

– Бевме најдобри пријателки и едноставно се случи. Се насмеавме и тоа беше тоа – рекла Мел Б.

Сомнителните детали од нивната страст веќе предизвикаа големо вознемирување, а најмногу, наводно се налутил сопругот на Гери, Кристијан Хорнер (45).

– Гери ќе ме мрази поради тоа, бидејќи таа сега живее во својата отмена куќа со сопругот, но тоа е факт – додала Мел. Потоа водителот Пирс Морган ја прашал бившата „спајсица“ колку често имале сексуални односи, а пејачката тогаш шегувајќи се го нарекла „перверзник“.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...