Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја опомена професорката која за време на сослушувањето во процесот на отповикување на Доналд Трамп направила шега на сметка на името на нивниот син Барон.
Професорката на универзитетот Стенфорд, Памела Карлан, во текот на сослушувањето ја истакнала разликата меѓу монархијата и демократските влади кога го спомнала синот на Трамп правејќи шега за разликата меѓу претседателите и кралевите.
– Претседателот може да го нарече својот син Барон, но тој не може да го прогласи за барон – рекла Карлан.
Меланија Трамп реагирала на тоа, кажувајќи ѝ на професорката дека треба да се срами од таквата изјава.
„Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политика. Памела Карлан, треба да се засрамите од вашиот гнев и очигледно пристрасно јавно додворување и користење дете “, напиша Меланија Трамп на Твитер.
Малку подоцна, Карлан се извини и рече дека погрешила.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS