Кога Доналд Трамп прогласи кандидатура за место на претседател на САД, многумина забележале дека неговата сопруга драстично го променила својот стил на облекување…
Со самото спомнување на можноста дека Доналд Трамп ќе стане претседател, многмина се прашуваа дали атрактивната поранешна манекенка од Словенија би можела да се снајде на местото на првата дама на Америка.
Меланија сепак им покажала дека не само што може да им парира на своите претходнички туку и дека со стилот може да ја надмине дури и Мишел Обама.
Денес секој нејзин стил е своевидна модна вест, но претставниците на медиумите сега ги интересира од што сѐ сега Меланија се ослободила кога стапила на местото прва дама на САД.
Прирoдно крзно
Иако со години ја гледавме во бунди од вистинско крзно, сопругата на Доналд Трамп одлучила овие парчиња да ги исфрли од својот гардеробер, а потврдата за тоа ја добивме, верувале или не, од Памела Андерсон. Славната актерка и најпозната активистка во организацијата за правата на животните ПЕТА, објавила во 2017 година писмо кое Меланија Трамп ѝ го испратила како знак на благодарение за капутот од вештачко крзно. Откако станала прва дама, Меланија носи исклучиво само такви бунди и капути.
Деколте
По многу години шетање по црвените теписи во деколтирани маички и фустани, поранешната манекенка одлучила да го исфрли тој стил.
Фустани со отворен грб
Меланија Трамп со години не сме ја виделе во модели на фустани со отворен грб кој претходно ѝ бил еден од омилените стилови.