Првата дама на САД Меланија Трамп се појави во јавност по 25 дена отсуство, на приемот за Gold Star Families во Белата куќа.
Меланија влезе во просторијата заедно со претседателот Доналд Трамп и изгледаше одлично. Белата куќа не дозволи присуство на новинари на настанот, но присутните снимаа со мобилни телефони.
First public appearance by @FLOTUS in just under a month at the Gold Star Families reception to ihht. Good to see her doing well. pic.twitter.com/p6pCB4UPbi
— Jena Greene (@JenaMGreene) June 4, 2018
Првата дама остана во текот на целиот прием што траеше речиси еден час.
Присутните изјавија дека изгледала „прекрасно и стокмено како и секогаш“ и носела „вртоглаво високи потпетици“.
Извор од Белата куќа рече дека првата дама потоа разговарала со дел од семејствата за кои беше организиран настанот.