Американскиот потпретседател Мајк Пенс катедралата ја нарече „симбол на верата на луѓето од целиот свет“.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на Твитер на француски јазик напиша: „’Наша дама’ припаѓа на сите Европејци“.
И премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вечерва испрати порака поради пожарот во Катедралата Нотр Дам.
– Вечерва мислиме на Париз, место на таква убавина и историја, наведе Брнабиќ на Твитер.
Пораки со поддршка испратија и градоначалниците на Мадрид и Лондон, Мануел Кармен и Садик Кан.
– Срцепарателни сцени од Катедралата Нотр Дам во пламен. Лондон денеска тагува со Париз, посочи Кан.
Поради пожарот во Катедралата Нотр Дам се огласи и првата дама на САД, Меланија Трамп.
– Моето срце се кине поради Парижаните, напиша Меланија Трамп на Твитер, додавајќи оти се моли за безбедност на секого.