Првата дама на САД, Меланија Трамп со семејството по одморот се вратила во Белата куќа.Таа пристигнала во друштво на сопругот, синот, но и родителите Амалија и Виктор Кнавс.
И додека Меланија била стандардно модно непогрешлива во впечатливото зелено здолниште со резбарени мотиви на цвеќе, внимание на себе привлекла нејзината 74-годишна мајка Амалија.
Амалија носела фустан со А-крој во сина боја со геометриски облици во вид на линии во розова и црвена нијанса, додека класичните салонки ги усогласила со фустанот.
Меланија и нејзината мајка самоуверено чекореле низ тревникот во високи потпетици.
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER
FOTO: Instagram/Printskrin