Првата дама на САД, Меланија Трамп вели дека прави тоа што смета дека е најдобро за земјата, пренесува Си-Ен-Ен.
– Правам тоа што сметам дека е исправно, без разлика дали ќе добијам критицизам од луѓето или медиумите – изјавила таа.
Меланија додала дека најтешко и било тоа што некои луѓе го користеле нејзиното име за да градат кариери.
– Од комичари до новинари и автори на книги. Не ме боли, но тие ја пишуваат историјата, а тоа што го пишуваат е неточно – кажала таа.
ФОТО: Принтскрин / Видео