Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска се во официјална посета на Велика Британија.
Предвидено е да отидат во Бакингемската палата и да пијат чај со принцот Чарлс и неговата сопруга Камила. Трамп треба да се види и со британската премиерка Тереза Меј, која е пред заминување.
Медиумите пренесуваат дека Меланија се упатила кон Лондон во фустан на „Гучи“ од 4.400 долари.
ФОТО: EPA / SARAH SILBIGER / POOL