Како дел од еден необичен социјален експеримент, еден мексикански градоначалник се маскирал во лице со посебни потреби, со цел да го тестира односот на локалните јавни службеници од прва рака.
Карлос Тена (57) бил повеќе од шокиран кога побарал, а вработените во социјалната служба одбиле да му дадат оброк, кој законски му следувал и се однесувале со него дискриминирачки.
Тој за да делува поубедливо изнајмил и инвалидска количка, а својата маска ја подготвувал два месецаи
– Целта на овој експеримент беше да се покаже реалноста со која граѓаните секојдневно се соочуваат – изјавил Тена, кој важи за голем борец за човековите права.
FOTO: Skrinsot/Jutjub