Мексиканскиот наркобос „Ел Чапо“ осуден на доживотен затвор, треба да врати 12,6 милијарди долари

508

Американски суд му изрече доживотна затворска казна на мексиканскиот наркобаронот Хоакин Гузман „Ел Чапо“ (62), јави ДПА.

Тој доби уште 30 години затвор, како и парична казна од 12,6 милијарди долари, што ги заработил со криминалната активност.

„Ел Чапо“ беше еден од шефовите на мексиканскиот наркокартел „Синалоа“ а „бизнисот“ му се состоеше од производство и трговија со кокаин, хероин, марихуана и метамфетамини, што илегално ги внесуваше на американскиот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...