Не ми се еврува, навистина не ми се верува… сметам дека сите девојки го заслужија ова. Горда сум што ќе ги застапувам. Ќе направам најмногу што можам во периодот што е пред мене. Многу ви благодарам на сите, рече Мексиканката Ванеса де Леон, која е избрана за победничка на изборот за убавина Мис свет 2018 што се одржа во Санја, Кина.
Ванеса победи во конкуренција од 117 учеснички од целиот свет.
По едногодишното „владеење“ на Индијката Мануши Чилара, од денеска за најубава жена на светот е крунисана Мис Мексико, а прва придружничка е претставничката на Тајланд.
По влезот во првите пет, убавицата од Мексико ги освои срцата со нејзините одговори на клучните прашања, како и со нејзината прекрасна насмевка и фустанот во црвена боја со сребрени детали.
Таа е првата Мексиканка која ја освоила оваа престижна титула. За најубава жена од Европа е прогласена претставничката на Белорусија, Мис Африка е претставничката на Уганда, а Мис Азија и Океанија е од Тајланд.