Меколи Калкин после многу време доби голема улога ФОТО+ВИДЕО

Освен главните улога во „Сам дома 1 и 2“ од деведесетите години, Калкин немаше позначајни улоги.

1142

Меколи Калкин, најпознат по улогата на малиот Кевин од популарниот филм „Сам дома“, ќе ја добие првата посериозна улога после долго време. Во 10-тата сезона на „Американска хорор приказна“, Калкин ќе се придружи на стандардната актерска екипа, открил продуцентот Рајан Марфи.

Освен главните улога во „Сам дома 1 и 2“ од деведесетите години, Калкин немаше позначајни улоги. Раната актерска кариера на овој актер му донесе голема слава, пари, но и проблеми со дрогата.

Стана долгогодишен зависник од хероин на кој трошеше илјадници долари. Се чини дека Калкин последните неколку години се ослободил од таа зависност и се вратил на вистинскиот пат.

Во моментот е во врска со актерката Бренда Сонг која ја запознал на сетот на снимањето „Предизвикан“.

Во „Американска хорор приказна“ гостувачки улоги имале бројни славни личности, меѓу останатите, Леди Гага, Адам Левин, Наоми Кемпбел…

Десетата сезона на популарната ФХ серија „Американска хорор приказна“ со прикажувањето почнува оваа есен.

FOTO: Printskrin/Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...