Медиумите во вториот круг биле генерално неутрални

100

Одлика на медиумското претставување во вториот круг беше настојувањето да се обезбеди еднаков пристап во известувањето за активностите од кампањите на кандидатите за претседател Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски индивидуално и со претставници на партиите кои ги поддржаа нивните кандидатури. Во известувањето за предвремените локални избори кое беше кусо се настојуваше да се почитува принципот на еднаквост.

Тоа го наведува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во извештајот за изборното медиумско претставување на радиодифузерите од 22 април до 3 мај.

Според АВМУ, известувањето кај националните медиуми било концентрирано на изборите за претседател, а за локалните избори имало еден до два прилога. Фокусот на обично помалубројните информации кај регионалните и локалните телевизии останал на локалните избори.

АВМУ оценува дека тонот при известувањето за активностите во изборните кампањи и кандидатите за претседател и за градоначалници бил генерално неутрален.

Известување за изборниот процес за лицата со оштетен слух на знаковен/толковен јазик обезбедија јавниот сервис МРТ1, ТВ 24 вести и регионалната ТВМ со седиште во Охрид. Извештајот за изборното медиумско претставување е достапен на www.avmu.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...