Северна Македонија е најпребарувана локација поврзана на наградите Оскар во моментов на Гугл, што се должи на „Медена земја“, кој е номиниран во две категории.
„Северна Македонија, татковината на номинираниот за Оскар, „Медена земја“ е топ место на Земјата, според пребарувањата за наградите“, се наведува во твитот на Твитер налогот на Гугл трендс.
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар.