„Медена земја“ пиратски пуштен на Јутјуб

Дистрибутерски права за „Медена земја“ ги има американската куќа „Неон“, а филмот моментално е во понуда на стриминг гигантот „Хулу“.

940

Документарецот „Медена земја“ кој завчера доби две номинации за Оскар, синоќа е пиратски пуштен на Јутјуб. Филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов на Јутјуб е постиран од извесен корисник со иницијали ЈП и веќе вирално се шири низ социјалните мрежи, пишува порталот СДК.

Дистрибутерски права за „Медена земја“ ги има американската куќа „Неон“, а филмот моментално е во понуда на стриминг гигантот „Хулу“.

„Медена земја“ (Honeyland) е прв македонски филм што успеал да биде номиниран во две категории на најпрестижните филмски награди во светот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...