Нема планови да се забрани Јутjуб во Русија, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, во годишно интервју со 20 руски телевизиски куќи.
– Никој не планира да забрани ништо и Јутјуб ќе продолжи да работи (во Русија). Оние што заработуваат пари на Јутјуб, сепак ќе можат да го сторат тоа, иако не зависи од вас, туку од политиката на Јутјуб – рече тој, одговарајќи на прашање на позната блогерка.
Тој додаде дека Јутјуб има строги правила за авторски права, како и оние за деловни договори и други аспекти на Интернет комерцијализација, рече Медведев.
Фото: EPA/DMITRY ASTAKHOV/SPUTNIK/GOVE