На денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е изнесено тврдење дека фирма, која конкурирала на тендер на Министерството е здравство е регистрирана на иста адреса, како мојата адвокатска канцеларија. Би сакал да ја информирам јавноста дека мојата адвокатска канцеларија нема никаква поврзаност со фирмата што конкурирала на тендерот и одговорно тврдам дека таа фирма, нејзините основачи, управител и вработени никогаш не сум ги застапувал, ниту пак лично познавам било кој од нив, реагира адвокатот Филип Медарски.
Тој во неговиот демант до опозициската партија вели дека до моментот на излегување на информациите околку тендерот во јавноста, не му бе=ило познато дека таа фирма има седиште на истата адреса како мојата канцеларија.
– На истата адреса се регистрирани повеќе од седум други адвокатски канцеларии, кои не се поврзани со мојата. Која од нив ја регистрирала фирмата на ова седиште лесно може да се провери во Централниот регистар, но тоа сигурно не е мојата. Било какво натамошно поврзување на мојата канцеларија со таа фирма или тендерот на Министерството на здравство ќе ги третирам како злонамерни и тенденциозни и ќе поведам соодветни постапки за заштита на мојата чест и углед – вели Медарски.